08/06/2025

Во бугарскиот парламент е усвоена декларацијата со најостра осуда на „насилството врз Бугарите во РМ“

Бугарскиот парламент категорично го осуди насилството врз македонските Бугари во Република Македонија, како и омаловажувањето на проблемот со правата и безбедноста на Бугарите во РМ. Софија го осуди говорот на омраза и инсистира на спроведување на Договорот за пријателство, кој властите во Скопје не го почитуваат.

Ова се наведува во декларацијата на Националното собрание, усвоен со огромно мнозинство, јавува БГНЕС.

Документот беше усвоен само еден ден откако делегација на македонските Бугари беше пречекана во Европската комисија од страна на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји. Една од причините за усвојување на декларацијата е бруталното претепување на македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, секретар на Бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“. Пендиков е примен на лекување во тешка состојба на Медицинската академија каде моментално се опоравува, пишува БГНЕС.

Со 184 гласа „за“ и 1 „воздржан“ пратениците во 48. Народно собрание го усвоија извештајот во кој најостро ја осудуваат антибугарската реторика во РМ.

Извештајот ги обединува предлозите на Десислава Атанасова од ГЕРБ, Андреј Ѓуров од ПП, Костадин Костадинов од Преродба и Елисавета Белобрадова и Стојан Михалев од ДБ.

Декларацијата се состои од 9 точки:

Народното собрание категорично ги осудува манифестациите и повиците за насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање и изведување на сторителите пред лицето на правдата;

Го осудува говорот на омраза во Македонија против локалните Бугари и Бугарија, како и неговите манифестации во политичката, јавната и медиумската средина. Ги повикува властите и институциите во Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите облици и манифестации против бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест. Изразува целосна подготвеност да обезбеди каква било помош за постигнување на оваа цел, вклучително и заеднички со меѓународните партнери и институции;

Го отфрла континуираното негирање, омаловажување и отфрлање на одговорноста за постоењето на проблем со правата и безбедноста на Бугарите во Македонија

Споделете