Стефковски: Време е за брз развој на нашата Гази Баба!

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави дека денес отпочнува постапка за издавање на Обврзница за брз развој на Гази Баба.
-Граѓаните немаат повеќе време за чекање! Време е за брз развој на нашата Гази Баба!, напиша Стефковски
Со обврзницата планирано е финансирање на повеќе капитални проекти во општината какп изградба на основно училиште, две градинки, повеќе улици и канализациона мрежа во населените места.
Стефковски се заблагадари и на советниците кои гласале и го поддржале неговиот предлог за брз развој.
-Им благодарам на Советниците од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за високата одговорност која ја покажаа со поддршката на мојот предлог. Благодарам и на дел од советниците од Советничката група на СДСМ кои и покрај јасните насоки за блокади дадени од партијата на крај дадоа поддршка за брзиот развој на општината, напиша тој.