08/06/2025

Ослободителна пресуда за Битолчанецот Тони кој си ја бранеше родената ќерка од насилниот зет кој со мачета тргна да ја убие

346trf43

Битолчанецот Тони Ѓорѓиевски кој беше обвинет за убиство на својот зет, доби ослободителна пресуда. По осум месеци поминати во притвор, судот во Битола го ослободи Тони од сите обиненија поврзани со убиството.

Според Обвинителството, осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот Стојанче, вооружен со мачета, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал” што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место.

Додека битолчанецот беше во притвор, беа организирани и мирни протести пред Основниот суд во Битола, со барање за негово ослободување.

Споделете

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *