Казнети 148 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во изминатото деноноќие продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 санкции за користење мобилен телефон при возење, 5 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 4 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од МВР велат: Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.