09/06/2025

Германија: Hепознат напаѓач усмрти патници на железничка станица

Црна среда на железничката станица во Брокштет, Германија. Непознат напаѓач со ладно оружје усмртил неколку патници, а некои од нив им нанел тешки телесни повреди.

Како што јави РТЛ, според првичните информации, покрај загинатите, извесен број патници се тешко повредени.

Напаѓачот е уапсен, а железничкиот сообраќај ќе биде затворен до завршување на полициската истрага. Засега нема информации за точниот број на жртви, за напаѓачот или мотивот за злосторството.

Споделете