Костовски најави градежна офанзива во Општина Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ја најави најголемата градежна офанзива во општината. Во 2023 година планирано е да се асфалтираат 35 улици, нешто што досега се нема случено во Општина Бутел.
-Најавуваме голема градежна офанзифа во делот на уличната инфраструктура на територија на Општина Бутел. Одреден број на улици за прв пат ќе добијат асфалт, додека одреден број оштетени улици ќе бидат целосно реконструирани, напиша градоначалникот Костовски.
Асфалтирањето на улиците е планирано да се одвива во две фази од кои првата ќе започне за многу скоро, а втората веднаш кога ќе биде готова проектната документација која е во тек, додава Костовски.