09/06/2025

Нов скандал со шпионажа ја тресе Шведска

Најголемата шпионска афера во шведската историја заврши во четвртокот во Стокхолм.

Заврши со најстрогата можна казна: 42-годишниот Пејман Киа, кој бил агент на шведската разузнавачка служба САПО, е осуден на доживотен затвор. Неговиот брат Пајам Киа (35) до 10 години затвор.

И двајцата беа прогласени за виновни за тешка шпионажа за руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Пејман Киа имал пристап до високо доверливи информации кои и ги предавал на руската страна цели десет години, од 2011 до 2021 година.

Неколку години работел и во воената разузнавачка служба.

Судот утврди дека на Русите им доставил околу 90 најдоверливи документи, додека неговиот брат Пајам е прогласен за виновен за планирање на злосторството, договарање контакт со ГРУ и предавање на околу 45 доверливи документи.

Браќата Киа се со иранско потекло и по пристигнувањето добиле шведско државјанство.

Судот заклучи дека браќата „незаконски и во корист на Русија и ГРУ стекнале, пренесувале и откриле информации чие откривање на странска сила би ѝ наштетило на безбедноста на Шведска“.

Уште еден шпионски скандал ја тресе Шведска

Пејман Киа беше уапсен во септември 2021 година во градот Упсала, додека Пајам беше уапсен на 16 ноември 2021 година.

Истрагата против нив траеше неколку години откако САПО прво се сомневаше во крт во своите редови. Помладиот брат Пејман бил под истрага од шведската контраразузнавачка служба.

Во исто време, уште еден скандал со шпионажа ја тресе Шведска.

Минатата година, брачната двојка со руско потекло, Сергеј Скворцов и Елена Кулкова, кои беа обвинети за нелегални разузнавачки активности во корист на Русија, беа уапсени во нивниот дом во предградието на Стокхолм, со слетување на вистински полициски хеликоптер.

Двајцата биле сопственици на специјализирани увозно-извозни компании кои продавале електронски компоненти и индустриска технологија.

Истрагата утврдила дека станува збор за заспани агенти испратени во Шведска во доцните 1990-ти од руската разузнавачка служба.

Судскиот процес против рускиот пар се очекува да започне на крајот на оваа година.

Извор: Телграм.хр

Споделете