Бугарите повторно одат на избори, петти пат за две години

Социјалистите, кои имаа трета и последна шанса да формираат влада по изборите без победа на 2 октомври, рекоа дека направиле сериозни напори да добијат поддршка поставувајќи јасни национални приоритети, но не успеале.
„Баравме решение за да ја извлечеме земјата од бројни кризи, а пред се од политичката криза“, изјави за новинарите лидерот на социјалистите Корнелија Нинова. Ги разгледавме можностите и решивме да му го вратиме мандатот на претседателот“, посочи таа. „Сега одиме на избори.
Двете најголеми политички партии, централно-десничарската ГЕРБ и антикорупциската ПП, претходно не успеаја да формираат владејачка коалиција по добивањето на мандатот за формирање влада.
Отсуството на влада ќе влијае на плановите на Бугарија за приклучување кон еврозоната во 2024 година, ќе ги одложи толку потребните антикорупциски реформи и веројатно ќе ја спречи ефективната употреба на милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ.
Бугарија е политички нестабилна од големите антикорупциски протести во 2020 година. Оттогаш, балканската земја главно е управувана од преодни технократски влади бидејќи нема стабилни коалиции.
Денеска Нинова ги повика лидерите на шест други политички партии да се обединат околу четири национални приоритети, вклучително и ефикасно користење на помошта од Европската унија, но се појавија само лидерите на ГЕРБ, партијата на етничките турци МРФ и националистичката Подем.
Претседателот Румен Радев мора да го распушти парламентот и да распише избори во рок од два месеци.