09/06/2025

17 вработени унапредени во Министерство за здравство: 14 Албанци и само тројца Македонци

Дури 14 од унапредените вработени во здравството од страна на министерот Беким Сали се Албанци, а само три лица се Македонци и тоа снаа, золва и друго блиско лице на еден поранешен министер за здравство.

На списокот нема Турчин, Ром, Бошњак, Србин, Влав или од некое лице од друга заедница.

Како што објави „Експрес“, една е золва на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, другата е снаа за брат на Гордана Трајкова Мајнова кадар на СДСМ од времето на министерот Владо Димов, како и лице кое е кадар на Никола Тодоров, сега близок на СДСМ.

Целиот список на унапредени во македонскто здравство, со образложенија, може да го отворите ТУКА.

Споделете