Анонимусите тврдат дека хакирале доверливи документи на владата на Србија

„Сè уште не завршивме со тебе, кукло на Путин!“ му порачаа Анонимуси на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тие ставија и линк со објавата, но ако се обидете да ја отворите, се прикажува информација дека документите се избришани.
Ова е само продолжение на низата пораки кои Анонимуси му ги испратија на српскиот лидер. Тие на крајот на декември постот го посветија на настаните во Косово, а прикачија и видео на кое го навредуваат и му се закануваат на Вучиќ.
„Српскиот автократски претседател Александар Вучиќ, марионета на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот користејќи ги механизмите на насилство и терор на воениот злосторник Слободан Милошевиќ, но се знае дека неговите обиди ќе бидат самоубиствени“, велат Анонимуси во пораката на крајот на минатата година.
„Нашата колективна реакција ќе биде одлучна и итна. Анонимусите не се мала група на немоќни луѓе кои треба да бидат игнорирани. Ние сме организиран и глобално активен колектив на истомисленици и доколку не престанете со вашите опасни акции на Косово, нашите пораката ќе биде јасна“, се заканија тие.
Минатата недела му испратија нова порака на Вучиќ со која ја информираа јавноста дека се многу ангажирани и дека ги собрале електронските адреси на стотина функционери од различни министерства. Својата порака ја завршија со прашање упатено до Вучиќ: „Еј, кукло на Путин, каде си? Уште со кучињата?!“