08/06/2025

МНР по дипломатски пат од Софија побара оградување од недоличните изјави на Џамбаски

Министерството за надворешни работи на Македонија со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји, стои во соопштението.

Споделете