09/06/2025

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева, се вели во партиското соопштение.

– Ваквите изјави со кои се негира Македонија се последица на предавничките политики на СДС и Ковачевски. Уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ како и Ковачевски и СДС се фокусирани кон криминал и тендери, наместо кон одбрана на државните интереси.

Негирање на Македонија, во главниот град на Македонија е придобивката од политиките на Ковачевски, СДС и ДУИ.

Џамбаски е дијагнозата со која СДС и Ковачевски ја донесоа во Македонија со својата безлична и предавничка политика. За да им поминуваат криминалите, СДС и ДУИ се попустливи кон секој кок има аспирации кон Македонија., велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Споделете