08/06/2025

Во Гази Баба ќе се градат четири нови градинки

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска изјави дека во наредниот период во општината ќе се изградат уште четири градинки.

Нови детски градинки ќе добијат Трубарево, Синѓелиќ, Инџиково и населеното место меѓу Маџари и Ќерамидница.

– Уште во првата година од мојот мандат почнавме со изработка на проектна документација за четирите градинки, што е мое ветување пред граѓаните. Верувам дека тие градинки ќе ги реализираме во општината, изјави Стефковски.

Споделете