09/06/2025

Полицијата го привела убиецот од центарот на Скопје

14062017131838_web_mvr_logo

Двојно убиство се счучило денеска во скопската населба Карпош на улица „Рузвелтова“. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи за МИА, М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.

– Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.

Споделете