08/06/2025

Руски патнички авион принудно слетал во воена базаво Индија по дојава за бомба

Патнички авион на руската компанија Азур Ер принудно слетал во воена база во Индија по дојава за бомба во авионот. Дојавата ја добила авиокомпанијата во е-пошта, а пилотите веднаш ја започнале постапката за принудно слетување.

Авионот летал од Москва за Гоа во југозападна Индија, а слетал доцна синоќа во базата на индиските воздухопловни сили во Џамнагар, во државата Гуџарат.

Сите 236 патници и 8 членови на екипажот се безбедни.

Споделете