08/06/2025

Стопанска комора за енергетика на Македонија: Во вторник во Собрание на Македонија ќе се одлучува за враќање на ЕВН во државна сопственост

Стопанската комора за енергетика на Македонија денес објави дека во вторник на 10.01.2023 се одлучува во Собрание на Р.Македонија за враќање на ЕВН на народот и во државна сопственост.
Бараме пратениците да ја прифатат и усвојат ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА и се што ЕВН го одзела и сеуште одзема да се врати на народот и државата.
Сега ќе видиме кој е добро платен од ЕВН и ќе гласа ПРОТИВ ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА, против народот и против државата.
Овој народ ќе биде сиромашен и беден се додека мрежарината и ел.енергијата ја има ЕВН и зависиме од ЕВН да прави како сака и што сака со сметките.
Ние ДОКАЖАВМЕ и сеуште имаме многу докази дека НИКОЈ ниту го контролира , ниту нешто му може на ЕВН и прави што сака МОНОПОЛИСТИЧКИ со овој народ.

Споделете