08/06/2025

Посебен сообраќаен режим денес во Скопје

14062017131838_web_mvr_logo

Денес поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св.Климент Охридски“ и тоа од објектот на Пошта на РСМ до крстосницата кај Соборниот храм и од крстосницата кај Соборниот храм до зградата на Владата на РСМ.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на на околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Споделете