08/06/2025

ФОТО: Започнува тестирањето на најголемиот џет-мотор на светот

UltraFan е името на прототипот на новиот мотор кој го направи фабриката за авионски мотори на Ролс-Ројс (Rolls-Royce) . Моторот има дијаметар од 3,56 метри, што значи дека е за речиси 5% поголем од моменталниот најголем мотор во употреба General Electic GE9X.

И пограј големата предна перка, внатрешните турбини би биле компанктни. Произведувачот вели дека моторот е направен така да овозможи голема количина на воздух да тече околу компресорот, а не низ него, што значи дека ќе ја намали бучавоста за околу 35%, а значително ќе ја намали и потрушувачката на гориво.

Моторот ќе се тестира во британскиот град Дерби, каде фабриката на Ролс-Ројс инвестирала 90 милиони евра за да изгради соодветен простор за тестирање на овој мотор.

Фотографии: Rolls-Royce

Споделете