Алушовски: Младите имаат добар учител во селекторот Лазаров

Вчера во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одигра хуманитаре ракометен натпревар помеѓу ветераните и А-тимот на македонската репрезентација.
„Беше ова ревија и убава прилика да си посакаме среќни празници меѓусебе. Уживав во ова што се случуваше вечерва. По десет години пак сум на терен и пак пред полна сала. Осетив една позитивна енергија кај сите и верувам дека таа позитивна енергија ќе се пренесе на Светското првенство. За среќа на помладите повеќете од нас играа со нив во репрезентацијата. Тие имаат добар учител во селекторот Лазаров. Ние сме секогаш тука за позитивна критика и совет што е потребно за големи натпреварувања. Не мора веднаш, но можат по две-три години да го остварат тоа што ние го остваривме во Србија, а се надевам дека и ќе нè надминат“, рече Стевче Алушевски по завршувањето на натпреварот.
Собраните средства од натпреварот ќе бидат донирани на СОС Детско село.