08/06/2025

Во несреќа на моторна санка загина Кен Блок

Годината ја започнуваме со навистина тажна вест – од Hoonigans тимот пристигна известување дека во несреќа на моторна санка загина Кен Блок.

Kен Блок беше убедливо најпознат спортист за кревање на адреналинот во автомобилизмот, но за жал големите фанови на мотоспортот од денеска останаа без својот омилен шоумен кој во минатото се натпреваруваше и во ВРЦ рели.

Тажната вест првично пристигна од Америка и од познатите медиуми како „ТМЗ“, но истата беше потврдена и од страна на ВРЦ од каде се огласија со официјално соопштение, изразувајќи длабоко сочувство до семејството.

Легендарниот Блок имал голема несреќа додека се забавувал со своите пријатели во Јута, каде доживеал страшен пад со моторна санка која откако се превртела, завршила врз него.

Како последица на тешките повреди, Блок починал на лице место и лекарите само подоцна констатирале смрт, а оваа вест за 55-годишниот авантурист ги натажи сите големи фанови на мотоспортот.

Блок беше креатор на најголемите лудории на четири тркала во изминатите две децении, но покрај егзибициите со автомобилите, во својот живот се занимаваше и со мото-крос, скејтбординг и сноубординг.

Споделете