Шест директори обвинети за набавка на неквалитетна воена опрема во Украина

Украинската канцеларија за економска безбедност денеска извести дека обвинила шест директори на Укроборонпром, главната одбранбена компанија во земјата, за проневера и злоупотреба на службената должност.
Според наодите на истрагата, менаџерите во март 2022 година склучиле договори за набавка на неквалитетна воена опрема во вредност од околу 146 илјади долари.
Опремата не ги задоволуваla стандардите за квалитет, но сепак била предадена на армијата за извршување на борбени задачи, соопшти канцеларијата, додавајќи дека различните форензички тестови и други докази го потврдиле нејзиниот лош квалитет.