Фон Дер Лајен со порака до Зеленски: ЕУ ја поддржува вашата херојска борба за слобода на Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди долгорочната поддршка на Европската унија за Украина во одбивањето на руските напади.
– Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ, рече фон дер Лајен во нејзиниот прв разговор годинава со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно, напиша таа на Твитер.
– Ја поддржуваме вашата херојска борба. Борба за слобода и против бруталната агресија, нагласи Фон дер Лајен.