08/06/2025

Новогодишна трагедија: Прегазил двајца свои другари на патот Штип-Кочани. Едниот им подлегнал на повредите

Новогодишна трагедија се случила рано утрово на патот Штип-Кочани. Момче прегазило двајца другари, по што едниот им подлегнал на повредите во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Околу 5.20 часот било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило. Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди, информираат од СВР Штип.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Штип.

Споделете