Кристијано Роналдо потпиша за Ал Наср!

Кристијано Роналдо ќе заработи стотици милиони фунти откако потпиша две годишен договор со Ал Наср од лигата на Саудиска Арабија. Роналдо беше во потрага по нов клуб по неговото заминување од Манчестер Јунајтед во пресрет на Светското првенство 2022, а сега е потврдено дека ќе премине во Ал Наср.
Од клубот потврдија дека 37 годишниот фудбалер преминал во клубот како слободен играч за кој се шпекулираше дека трансферот е вреден околу 200 милиони фунти по сезона. Роналдо потоа ќе продолжи да работи како амбасадор на фудбалот во Саудиска Арабија.
„Испишуваме историја!“ се вели во соопштението на клубот на социјалните мрежи.
„Ова е потпис не само што ќе го инспирира нашиот клуб да постигне уште поголеми успеси, туку ќе ја инспирира нашата лига, нашата нација и идните генерации момчиња и девојчиња да бидат најдобрата верзија од себе. Добредојде Кристијано во твојот нов дом.“
По неговото заминување од Олд Трафорд, тој повторно беше поврзан со голем број тимови во Европа, вклучувајќи ги Ајнтрахт Франкфурт, Наполи, Челзи и неговиот клуб од детството, Спортинг Лисабон.
Сепак, тој сега одлучи да му се приклучи на Ал Наср од Саудиска Арабија во кој најверојатно ќе биде последниот договор за играње во неговата кариера. Роналдо има 118 гола на 198 настапи за Португалија, а 701 гол на 951 клупски настап. Тој ја освои Премиер лигата три пати, Ла Лига два пати, Серија А во два наврати и Лигата на шампионите пет пати.