08/06/2025

Контроверзниот Ендрју Тејт уапсен во Романија за трговија со луѓе и силување!

Романските власти објавија дека контроверзниот инфлуенсер и поранешен професионален кикбоксер Ендрју Тејт бил уапсен вчера во Букурешт, пренесуваат странски медиуми . Тој е осомничен за трговија со луѓе, силување и формирање организирана криминална група. Тејт, заедно со неговиот брат Тристан и уште двајца романски осомничени, ќе бидат притворени 24 часа, се вели во соопштението на обвинителите од единицата за организиран криминал по претресот во нивниот дом во Букурешт.

Тејт својата слава ја стекна на социјалните мрежи најмногу преку своите мизогински изјави и говорот на омраза за кои беше суспендиран од Твитер. Но, по доаѓањето на Илон Маск на чело на социјалната мрежа пристапот до Твитер му беше вратен. Во една прилика тој изјави дека жените се делумно одговорни за силувањата и дека им припаѓаат на мажите. Во друг твит тој изјави дека „Сексуалното вознемирување е одвратно и неоправдано. Меѓутоа, кога мажот ќе ве погледне или ќе ве исвиркува или ќе ве праша како се викате, тоа не е вознемирување. Жените даваат секс во замена за можности многу долго време. Тие го прават тоа и тие не се злоупотребени“, но тие твитови се избришани.

Тој влезе и во преписка со Грета Тунберг кога во едно видео ги набројуваше автомобилите со внатрешно согорување кој тој ги поседува на кое што Грета му возврати на уникатен начин.

Интересно е што токму одговорот на Тејт директно доведе до неговото апсење бидејќи во видеото што тој го упати кон Грета бара да му донесат пица со картонска кутија која подоцна нема да се рециклира. Токму таа пица беше потврдата што ја бараше полицијата дека тој е во неговиот дом во Романија и констатирала дека се работи за пицерија од Букурешт. Полицијата од април води истрага под обвинение дека учествувал во криминална група со цел трговија со луѓе и сексуална експлоатација на жени.

https://twitter.com/Esqueer_/status/1608588291900870657?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1608588291900870657%7Ctwgr%5E7eb4af482881a90f0818ea0790c3b6960ce84042%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fmagazin%2Fvideo-kontroverzniot-endru-tejt-uapsen-vo-romanija-za-siluvanje-i-za-trgovija-so-lugje%2F

Романската телевизија објави видео од апсењето.

„Изгледа дека четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира и искористува жени, принудувајќи ги да создаваат порнографска содржина наменета за гледање на специјализирани веб-страници за одреден надомест“ – се наведува во соопштението од обвинителството.

Обвинителите соопштија дека пронашле шест жени кои биле сексуално експлоатирани од осомничените.

Споделете