08/06/2025

Почина легендарната модна дизајнерка Вивиен Вествуд

Легендарната модна дизајнерка Вивиен Весвтуд почна на 81 година.

Во постот објавен во четвртокот навечер на социјалните мрежи се вели дека Вествуд починала денеска, во нејзниот дом во Клафам, Јужен Лондон, во кругот на своето семејство.

Вивиен работеше до последен момент, дизајнираше парчиња облека, ја пишуваше својата книга, обидувајќи се да го направи светот подобро место за живеење. Таа водеше интензивен и неверојатен живот. Нејзините иновации во светот на модата имаа огромно влијание во изминатите 60 години.

Вествуд стана славна со нејзините контроверзни панк и њу вејв стилови во 1970-тите и продолжи да ги облекува едни од најголемите имиња во модата.

Споделете