Ганц: Израел би можел наредните години да изврши напади врз иранските нуклеарни капацитети

Невообичаено отворената изјава на израелскиот министер за одбрана доаѓа во време кога се водат тешки преговори за заживување на нуклеарниот договор, а додека иранските власти продолжуваат со процесот на збогатување ураниум, што покрај за цивилна употреба потенцијално може да се користи и за нуклеарно оружје.
„За две или три години, можеби ќе летате на исток и ќе учествувате во напади на нуклеарни локации во Иран“, рече Ганц во обраќањето пред новодипломираните воени пилоти.
Повеќе од една деценија Израел упатуваше прикриени закани дека ќе изврши напади врз нуклеарните постројки на Исламската Република доколку меѓународните дипломатски разговори со Техеран не дадат резултати.