Бројот на заболени од шуга пораснал за 46 отсто за една година

Минатата календарска година, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирал 493 лица кои заболеле од шуга во државата, а оваа бројка во 2023 била 337 лица, што е покачување за безмалку половина случаи, информираат во ИЈЗ во нивното последно соопштение. Освен тоа, во јануари годинава, регистрирани се 28 случаи, од кои 16 се во Скопје.