08/06/2025

Бројот на заболени од грип двојно зголемен

Во текот на минатата недела во земјава се пријавени 2.726 случаи на заболени од грип. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 7-та недела од минатата сезона е зголемен за 97,0%.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.494 лица се на возраст од 15-64 години, 655 заболени се деца на возраст од 5-14 години, 289 болни се лица на возраст над 65 години и 288се деца на
возраст од 0-4 години. Највисока инциденца е регистрирана кај децата на возраст од 5-
14 години. Најмногу заболени има во Скопје 616, Битола – 286, Куманово – 249, Струмица – 220,
Штип – 184, Тетово – 180, Кавадарци – 165, Охрид – 118, а во останатите, бројот на заболени е помал од 100.

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 14.340 и во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен
за 20,3 проценти.

Споделете