08/06/2025

Чаирчанец стана министер во Сирија

Чаирчанец стана министер во Сирија. Абу Катада Албани долги години ја предводеше џихадистичката група „Џемати Албан“, која ја сочинуваат претежно албанци од Косово и Македонија, а денес е во сириската влада и под санкции на САД за тероризам.

Тој е Албанец роден во Скопје, во населбата Чаир на 25 септември 1976 година, под името Абдул Јашари. Албани претходно беше  лидер на Фронтот Ал Нусра, што доведе до тоа да се најде на црната листа на американското Министерство за финансии во 2016 година и да биде обвинет за тероризам.

Споделете