Трамп и Путин телефонски разговарале

Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјавиl дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави „Њујорк пост“.
Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“.
– Тој сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочил Трамп.
Трамп за „Њујорк пост“ истакнал дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но, не откри повеќе детали.
– Се надевам дека ќе биде брзо. Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е толку лоша за Украина. Сакам да заврши оваа проклета работа, истакнал Трамп.
Минатиот месец портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен телефонски да разговара со претседателот на САД.
Трамп најавил и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој се осврнал и на Иран, истакнувајќи оти преферира да склучи договор за иранската нуклеарна програма
– Би сакал договор пред да ги бомбардираm. Тие не сакаат да умрат. Никој не сака да умрe. Ако склучиме договор, Израел нема да ги бомбардира, навел Трамп.
Но, тој не открил детали за можните преговори со Иран и одби да каже што ќе му понуди на Техеран за возврат.
– Не можам да го кажам тоа бидејќи е премногу непријатно. Нема да ги бомбардирам, истакнал Трамп.