08/06/2025

Премиерот Мицкоски најавува серија теренски посети на општините низ Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе присуствува во Клуб на пратеници на работен појадок на кој ќе се разговара за серија теренски посети на општините низ државата наречени „Каде срцето е дома“ со цел да се мапираат сите предизвици во нив и да се сублимираат насоки за нивно надминување.

Воедно, посетите ќе се искористат и за увид на реализација на инфраструктурните проекти финансирани со средства од централниот буџет, како и за размена на искуства и идеи за потребите на отворениот процес за измени на Законот за локална самоуправа.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски пред почетокот на настанот.

Споделете