08/06/2025

Jaни Макрадули: Помошта од граѓаните од САД донела многу корисни работи за сите граѓани на Македонија

За скандалот кој го тресе УСАИД и парите кои се слевале во државава од оваа организација, се огласи и Јани Макрадули, кој вели дека тие пари направиле многу добри работи за граѓаните на Македонија.

„Не знам дали постот е последица од состаноците со Премиерот или пак од часкањето на паузите од состаноците на бордот на директори на Macedonia 2025, под сонцето на Флорида, но очекувам да го демантираат или на следните состаноци да информираат дека помошта од граѓаните на САД, за Македонија:

– спасила животи за време на Ковид кризата;

– подобрила услови во здравствени институции, придонесувајќи за подобра здравствена заштита;

– овозможила топли домови за многу ранливи групи;

– донела чиста вода за пиење во многу населени места;

– инвестирала во проекти за деца со оштетен вид;

– подигнала степен на демократија;

како и многу други корисни работи за СИТЕ граѓани на Македонија.

Впрочем, досега нема Влада, а и сите граѓани, кои не се благодарни за оваа помош од нашиот стратешки партнер.

Во меѓувреме Премиерот вика дека мора да почнеме да се грижиме сами за себе и зема кредит, не грант, туку кредит од Унгарија…“, напиша тој.

Споделете