08/06/2025

ДУИ: Назначувањето на новиот директор во училиштето Подгорци е отворена провокација кон локалното население

„Оваа одлука претставува отворена провокација кон жителите на селото и обид за тестирање на трпението и чувствителноста на граѓаните, создавајќи вештачки тензии во заедница која во минатото веќе била лишена од многу права.

Назначувањето на лице кое е познато по своите националистички ставови и исклучувачка реторика испраќа јасна порака дека оваа влада не ја почитува волјата на граѓаните и е подготвена да го користи образованието како инструмент за политички пресметки.

Споделете