Преку социјалните мрежи нов повик за бојкот на маркетите во петок

азарните инспектори ги завршиле контролите кај големите ланци на макрети на теритријата на цела држава, проверени биле над 700 продажни единици, а од денеска според информациите почнува контрола кај дистрибутерите и производителите.
Се чешлаат договорите од септември па се до крајот на јануари. Освен на основните прехранбени производи, според информациите од Паразен се проверуваат и бебешката и детската прехрана, како и средствата за хигиена.
Од она што досега можело да се види на терен од инспекторите е дека цени се ставале од ракав, во перидот кога имало одредени мерки од страна на надлежните кој опфаќале околу 3000 производи, цени на останатите над 40 000 призоводи низ маркетите неконтролирано се покачувале. Откако ќе заврши целосната анализа, се очекува да бидат изречени и првите казни. Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да бидат видливи привте резултати од инспекциските конторли.
Од опозициската СДСМ обвинија дека владата нема стратегија за раст на платите, а цените неконтролирано растат.
Во меѓувреме – граѓаните повторно повикуваат на бојкот в петок, а истиот е насловен како Црн петок за маркетите. Бојкот во земјава , по примерот на соседството имаше и минатиот петок, а според бројките на УЈП, прoметот на маркетите бил преполовен, додека саботата ден по бојкотот бил зголемен за 11 отсто споредбено со претходната сабота. Слични беа и бројките за намален промет од речиси 50 % и во земјите од регионот кои по примерот на Хрватска решија да ги бојкотираат маркетите со надеж дека ќе ги поевтинат основните прехрмабени производи.