08/06/2025

Многу отсуства од училиште поради грипот

Училиштето „Кирил и Методиј“ во Тетово, како и сите останати во земјава, веќе 4 дена по почетокот  на второто полугодие, но со околу 150 ученици помалку кои следат настава.
Тие се отсутни поради грип и други вируси.
Наставникот Сатки Исмаили вели дека е забележлив недостиг од ученици на часовите, додека дури и децата со симптоми во соработка со родителите се испраќаат дома.
„Во училниците забележуваме дека има отсутни ученици, од кои повеќето се поради грип. Се обидуваме преку контакт со родителите да го дадеме максимумот, каде ги евидентираме учениците кои се отсутни и се болни, ги евидентираме учениците кои имаат причини зошто во текот на оваа недела не се во училиште, но ги евидентираме и случаите кои ги имаме во училница“, вели Сатки Исмаили. Од сите основни и средни тетовски училишта, поради грипот настава не следат околу 800 ученици, или 10%
„Во овој период има бран на вируси и со почетокот на учебната година ние како општина добивме податоци и од училиштата, каде недостасуваат 550 ученици од основните училишта кои се со вирус и приближно 240 ученици во средните училишта исто поради вирусот“, вели Назим Даути. Педијатарот Абдула Абдулаху предупредува дека бројот на заболени од вирусот уште повеќе ќе се зголеми во следните две недели. апелира болните ученици да не одат на училиште.
„Ќе биде уште полошо бидејќи оваа недела е почеток и се пренесуваат вируси од човек на друг и така натаму и ќе има уште поголем број на пациенти. Верувам дека од следната или третата недела бројката ќе се зголеми уште повеќе. Но, да имаме на ум уште една работа, подобро е детето кое е болно да остане дома, да не оди на училиште, да не оди во градинка“, вели Абдула Абдулау.
Од инфективното одделение во Тетово велат дека за 24 часа се јавуваат околу 150 до 200 пациенти со симптоми на грип.

Споделете