Скопје повторно се најде на листата на најзагадени градови во Европа

Со топењето на снегот во делови од земјава, ни се вратија старите проблеми – аерозагадувањето. Деновиве Скопје, и особено Битола и Кичево се екстремно загадени градови.
Сепак, и негрижата за екологијата влијае и тоа како на загадувањето. Градските депонии и нивното палење, дополнително го загадуваат воздухот кој го дишат граѓаните.
Борба против дивите депонии беше и едно од главните предизборни ветувања на градоначалничката Арсовска.
Во изминатиот период, токму ѓубрето ги скара градоначалничката со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш кој обвини дека Комунална хигиена не го чисти ѓубрето, а Арсовска порача дека Дудуш е одговорен за хаосот во неговата општина.
За состојбата со депониите испративме прашање до Град Скопје, што ќе преземат за нивното расчистување. Сепак, до ова информативно издание одговор не добивме.