СДСМ: Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните

Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни.
„Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.
Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.
Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство. Истовремено додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат, трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови.Економската политика на ВМРО-ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост“, се вели во соопштението на СДСМ.