08/06/2025

Руте ќе присуствува на заедничко комисиско заседание во Европскиот парламент

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте попладнево ќе учествува на заеднички состанок на членовите на три тела на Европскиот парламент – Комитетот за надворешни работи  (АФЕТ), на Поткомитетот за безбедност и одбрана (СЕДЕ) и на Делегацијата за односи со Парламентарното собрание на Алијансата.

Како што соопшти Европарламентот, цел на состанок е размена на мислење меѓу Руте и европратениците за руската агресија врз Украина, за очекувањата од претстојната американска администрација, како и за други регионални и глобални безбедносни закани за кои е потребна тесна соработка меѓу ЕУ и НАТО.

Во тој контекст се очекува да стане збор за напорите за зајакнување на одбраната и одвраќањето на НАТО, како и за испораката на воена помош за Украина.

Споделете