08/06/2025

Видео: Тибет погоден од силен земјотрес, повеќе од 95 жртви и бројни повредени

Бројот на жртвите во земјотресот што утринава го погоди Тибет се зголеми на 95, додека бројот на повредени е 130, пренесе Ројтерс.

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.

Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други потреби на погодените, јавуваат кинеските државни медиуми.

Според кинеската метеоролошка управа, моменталната температура во областа е минус осум, но до вечерва ќе се спушти до минус 18.

Луѓето останаа без вода и струја. Влезот во Националниот парк Монт Еверест е затворен, а тројца посетители се преместени на безбедно, јави кинеската државна телевизија.

Околу 1.500 спасувачи се ангажирани во потрага по преживеани под урнатините, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.

Движењето на тлото се почувствувало и во Непал, пренесува АП.

Споделете