08/06/2025

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Сообраќајот се одвива во зимски услови

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат декa сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Стража од утринава се укинати.

Од АМСМ потсетуваат дека од вчера во целосен прекин е сообраќај во близина на Башино Село, кај мостот и тој ќе биде во прекин подолг временски период.

Споделете