Милан го отпушти Фонсека

Италијанските медиуми пренесоа дека Паоло Фонсека наскоро ќе добие отказ и нема повеќе да го води Милан, а утринава управата на клубот излезе со официјално соопштение дека Паоло Фонсека е ослободен од должностите како тренер на Милан.
Од клубот му се заблагодарија за професионализмот и му посакаа среќа во понатамошната кариера.
Уште за време на натпреварот со Рома, во неколку реномирани весници се појави вест дека Португалецот го водел последниот натпревар на клупата на „росонерите“.
Што се однесува до неговата замена, Консеисао е без клуб откако на крајот од минатата сезона се раздели со Порто, клуб со кој имаше голем успех. Поранешниот португалски репрезентативец освои три титули, четири Купа и еден Лига Куп на Португалија.
Ако се потвреди неговиот трансфер Консеисао треба да дебитира на трети јануари во Суперкупот на Италија против Јувентус ,а кој настапува неговиот син Франциско.