09/06/2025

Променливо облачно и студено време со повремен локален дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален дожд, на планините во северните и јужните делови со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје и околината пак, претежно облачно и студено време со умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Споделете