Ѓорѓиевски: Деценискиот проблем на ,,Банско” ќе биде решен – јас одам до крај!

-Иако сѐ уште се слушаат последните крици на бандитизмот и заштитените од системот, повторно блокирајќи со возила и мислејќи дека како во минатото и овојпат исто ќе поминат!– напиша градоначалникот на Општина Кисела Вода на својот Фејсбук профил.
За разлика од минатото, овојпат правда ќе има, одиме до крај и нема повлекување по ниедна цена! Иако пред неколку дена на улицата ,,Банско” го исчистивме целиот потег, го припремивме за поставување на бекатон плочи и возилата беа отстранети, лицето заштитено од системот повторно го узурпира државниот имот и попречува фирмите да си ја завршат својата работа, односно тука да има улица како што впрочем е по ДУП. За да не дојде до инцидент, бидејќи заштитениот од властите е видно вознемирен поради тоа што знае дека ерата на бесправно владеење, узурпурање и изживување со недолжното население заврши, ние повторно поднесовме уредно барање до СВР Скопје во кое што бараме нивна асистенција за фирмата да може нормално да работи, односно да го заврши потегот за проектирање на улицата. Асистенција побаравме и поради фактот што, како што напоменав, повластениот видно вознемирен упатуваше и закани повикувајќи се на високи функционери во МВР, за кои нормално очекуваме институциите да реагираат и да докажат дека нешто се променило, во спротивно ќе знаеме дека живееме во полициска држава во која владеат само ,,избраните”.– додава тој.