09/06/2025

На лечење во Словенија донесени двајца ранети украински војници

Двајца украински војници со посебна придружба вчера пристигнаа во Словенија каде ќе им биде пружена здравствена помош. Словенија со тоа се приклучува кон останатите 18 држави во помошта за лечење на ранети украински воници од тамошните фронтови.

Војниците во Словенија беа донесени со словенечкиот воен авион Лет-410 Турболет, кое за овој транспорт било посебно опремено за транспорт на тешко боли и ранети пациенти. Летот поминал без посебности, а 75% од трошоците за истиот ќе ги покрие Европската Унија.

Затоа што војниците се наоѓаат во теѓок период, нема да се споделуваат додатни информации за нивната здравствена состојба, а тие во меѓувреме од Словенија побарале и привремена заштита. Со тоа на нив им е и формално одобрена целосна здравствена заштита која ќе им биде потреба. За полесно разбирање, од одделот за мигранти при Владата на Република Словенија на ранетите војници им се доделени и преведувачи кои ќе им помагаат при престојот таму.

Споделете