08/06/2025

КРИЗАТА ЗЕМА ЗАМАВ: АУДИ ја затвара фабриката во Белгија

АУДИ најави дека започнува постапката за затварање на нивната фабрика во Брисел, каде сега се произведува серијата А3.

Од компанијата посочуваат дека последните преговори завршиле без договор. Работник со 17 години стаж би добил бруто отпремнина меѓу 125.000 и 190.000 евра. Но, претставниците на работниците ја оценија понудата како несоодветна. АУДИ понуди двојно поголеми отпремнини од законски предвидените, вклучувајќи доброволни бонуси зависни од стажот, како и помош за наоѓање ново работно место.

Според планираното, производтсвото ќе застане на почетокот на 2025 година, оставајќи околу 3.000 вработени без работа. Преговорите за социјалниот план меѓу раководството и претставниците на работниците пропаднаа, што доведе до крај на обидите за компромис.

„АУДИ беше подготвен на компромис до самиот крај“, изјави Герд Вокер, директорот на производство на компанијата. „За жал, социјалните партнери ја одбија нашата последна, подобрена понуда. Сега ќе се обратиме директно до вработените со нашата понуда.“

Преговорите за социјалниот план беа проследени со протести и немири, а надежта за продолжување на работата на фабриката згасна во ноември, кога потенцијален инвеститор од секторот за комерцијални возила се повлече. Групацијата Volkswagen ја заврши потрагата по инвеститори и потврди дека производството во фабриката ќе заврши во февруари 2025 година.

Ова го означува крајот на една ера. Фабриката, отворена во 1949 година, започна со производство на возила во рамките на Volkswagen и подоцна стана дел од Audi AG во 2007 година. Од производствените ленти излегоа модели како VW Golf, VW Polo, Audi A1 и Audi A3, кои се симбол на автомобилската индустрија.

Овој историски крај ги отвора прашањата за судбината на вработените и за улогата на АУДИ во регионот по затворањето на својата белгиска фабрика.

Споделете