08/06/2025

Состојба на патиштата за ден 12.12.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Берово – Виница, од 100 -150м. на патниот правец Прилеп – Битола и до 100м. на патниот правец Кичево – М. Брод.

Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Споделете