08/06/2025

Српскиот премиер со најава за реконструкција на Владата идната година во мај или јуни

Српскиот премиер со најава за реконструкција на Владата идната година во мај или јуни

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека реконструкцијата на владата ќе се случи напролет, во мај или јуни.

„Мислам дека ќе биде напролет, мај, јуни. Новите кандидати за министер за градежништво и трговија имаат помалку време да се докажат“, изјави Вучевиќ за белградски медиуми.

Тој додаде дека кандидатката за градежништво на местото од Горан Весиќ, Александра Софронијевиќ, како и Јагода Лазаревиќ, кандидатка за министерка за надворешна и внатрешна трговија наместо Томислав Момировиќ, се исклучително професионални и додаде дека на тој начин бројот на жените во владата ќе бидат зголемени.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека опозицијата која организира блокади и протести сака преодна влада и дека на власт сакаат да дојдат без избори.

Споделете