Продолжена кризна состојба на дел од територијата на државата

Собранието го продолжи рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од влез и транзитирање на мигранти. Дополнителна причина е, заштитата на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот ЅАРЅ-Со\/-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.
Одлуката беше донесена со 44 гласа „за“ и 22 „воздржани“. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано, бидејќи сметаат дека, таа треба да се однесува само на мигрантите, а не и за ковид кризата.
За зголемениот проток на мигранти на дневно ниво од 30 до 40 лица, за нив е одговорна власта, која ја обвинуваат дека го дозволува протокот.