08/06/2025

Следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку ден ќе биде сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 9 Целзиусови степени

Времето денеска претпладне ќе биде со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Минималните температури ќе се движат во интервал од минус 5 до 3 Целзиусови степени, а максималните од 3 до 11 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку ден ќе биде сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 9 Целзиусови степени.

Според УХМР, следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. .

Споделете